Наутро многу студено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено во должина на Повардарието. Утринската температура секаде ќе биде под 0°C , на повеќе места и околу -10°C, на повисоќите места и дневната температура ќе остане под 0°C

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.

Информации од ова утро:

06.02 2023г. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-17 Попова Шапка, -13 Маврови Анови, -12 Крушево, -10 Берово, -9 Претор, -8 Охрид, Дебар, -7 Битола, Крива Паланка, -6 Прилеп, Тетово, Штип, -5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Виница, -4 Струмица, Д.Капија, -3 Дојран, -1 Гевгелија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во сm)
46 Попова Шапка, 16 Маврови Анови, 6 Ѓуриште, 4 Берово, Крушево, 1 Крива Паланка.