Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје, сончево. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.