Полицијата изрече 43 санкции за возачи кои не пропуштиле возила со првенство на минување во рамки на акциска контрола спроведена денеска на територијата на Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролата била насочена кон откривање и санкционирање на овој вид сообраќајни прекршоци, а била спроведена во периодот од 7:00 до 12:00 часот.

Покрај 43-те санкции за непочитување на првенството на минување, полициските службеници во текот на контролата санкционирале и дополнителни 123 други сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Министерството упати апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите и да придонесат за поголема сигурност на сите патници и возачи.