Обичниот работник нема да има слободен ден во неделата. Ова е последната одлука на надлежните откако Бектешки се согласил на барањата на бизнис секторот, а детали допрва ќе се договараат.
Со оваа одлука паднаа во вода тврдењата на СДСМ дека работникот во недела ќе одмара, бидејќи со овие одлуки на министерството за економија бројот на работници кои ќе одмараат во недела ќе биде исклучително мал.
Оваа долука наиде на негодување од страна на синдикалците кои велат дека се извисени и дека не биле повикани на последниот состанок.
Донесувањето на законот е пролонгирано.
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, најавувајќи нови мерки за мандатот, во март 2020 рече дека следен чекор на неговата трудова политика ќе биде воведувањето на недела како неработен за сите граѓани што сакаат да бидат со семејството, без при тоа да објасни за кои ситуации се однесува таквата мерка.
– Грижата за работниците и владеењето на работничките права продолжува со истиот тренд кој што е денеска веќе видлив. Следува построга, темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права. Недела да биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства, рече Заев.
Потсети дека доколку СДСМ повторно дојде на власт до крајот на мкандатот во 2024 минималната плата ќе биде 18.000 денари. Додаде дека ќе се воведе и можност зџа младите да заработат преку работа со скратено работно време.
– Трудовите потенцијали стануваат помали и помали во земјата, се бараат работници и мора вака да ги искористуваме, наведе Заев.
Во последните изјави, Заев истакна и дека недела ќе биде неработен ден ама не и за трговските центри. Премиерот решил да има слух и за бизнисмените, кои се заканија со намалување на плати и отпуштања доколку ги затворат капацитетите во недела.
-Сакаме да се вратиме кон семејните вредности со недела-неработен ден. Но, истовремено имаме слух и за бизнис заедницата, и ќе ги задоволиме сите страни. Министрите заедно со работниците и коморите треба да утврдат што е најдоброто решение, а да биде согласно работничките права. Покрај донесување на законот за недела-неработен ден, ќе се носат измени и во законот за трговија, истакна премиерот Зоран Заев при посетата на новиот трговски центар во изградба “Ист Гејт Мол” притоа посочувајќи дека моловите треба да работата и во недела.