Во Полициската станица Ресен вчера во 12.05 часот било пријавено дека во Туристичката населба „Отешево“ била пронајдена неексплодирана граната 47 мм од Втората светска војна.

Како што соопшти МВР, гранатата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.