Неисправна е водата за пиење од неколку селски чешми во Прилепско, информираат од општина Прилеп.
Според известувањето од општина Прилеп, водата од мерно место Плетвар- крајпатна Че, не е здравствено исправна и не смее да се користи.
Водата од мерно место, локален водовод во село Ореовец – јавна чешма сред село, има зголемена матнотија и треба да се изврши повторна анализа.
Во мерно место, локален водовод во село Беловодица – јавна чешма, водата не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.