Продолжувањето на соработката изгледало како формалност
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ очекувал сезоната да ја заврши со аплаузи од навивачите на „Сан Сиро“, по кампања во која бил еден од најважните играчи на Милан.
Во еден момент, продолжувањето на договорот за уште една година изгледало речиси сигурно.
Според информациите, Модриќ веќе имал принципиелен договор со тренерот Масимилијано Алегри и со раководството на клубот, но пред конечниот потпис сакал да добие јасна слика за иднината на проектот и спортските амбиции на Милан.
Неуспехот во борбата за Лигата на шампионите ја променил ситуацијата
Сепак, сезоната добила поинаков тек откако Милан не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Извори блиски до фудбалерот тврдат дека Модриќ бил сериозно разочаран од развојот на настаните во клубот, особено поради лошиот крај на сезоната, распадот на тимската атмосфера и незадоволството кај навивачите.
Дополнителен проблем, според истите извори, претставувале протестите на навивачите и општата нестабилност во клубот, што значително влијаело врз неговото размислување околу иднината.
