Нелоски посочи дека во денот кога Заев до во Брисел еден од најголемите турски криминалци објави снимка каде кажува дека се дружеле во домашна атмосфера.

– ЕУ едноставно не сака да седи на иста маса со партнер кој собира мафијаши и криминалци дома, нагласи Нелоски.

Тој додаде дека во овој момент не треба да се креваат надежите за оптимизам, за да не дојде до големо разочарување како што беше селфито во авион дека сме добиле датум, а таков датум немаше, но и политичката ситуација во Бугарија не ветува дека ќе се реши проблемот кој се создаде со потпишување на Договорот.

– Власта кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и Грција велеше дека се затворени сите прашања, а гледаме дека еден од тие договори извади нови прашања и блокади кои ни стојат на патот кон ЕУ. Со овој договор си ставивме јамка која што власта во тој момент не ја гледаше и сега сме во состојба да говориме за евроскептицизам. Македонија со оваа власт тапка во место и така ќе остане и по ова лето. Заради изброите таму не очекувам поместување во преговорите, потенцира Нелоски.