Претседателот на ГК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски реагираше на прес-конференцијата на Петре Шилегов.
Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално неговата прес-конференција:
Шилегов сака да зборува за неговата имотна состојба. Тогаш ајде да зборуваме јавно.
Шилегов како градоначалник на градот Скопје пријавил дека поседува:
• Стан од 68 квадрати во Скопје;
• Втор стан од 64 квадрати исто така во Скопје;
• Потоа трет стан од 72 квадрати исто во Скопје;
• Четврт стан од 87 метри квадратни исто така во Скопје;
• Една куќа во Тафталиџе од 306 квадратни метри во која што деновиве гледаме дека се прави и лифт;
• Втора куќа во Маврово од околу 300 квадрати;
• 8 милиони денари златен накит;
• 3 милиони денари уметнички слики;
• Хартии од вредности.
Главното прашање е како Петре Шилегов со чиновничка плата успеа да стигне до четири стана, две куќи, злато и уметнички слики вредни неколку стотици илјади евра.
Како Петре Шилегов како градоначалник успеа да гради зграда среде Скопје дивоградба и со се разбира неоткупено дворно место?
Како Шилегов има вилает од 300 квадратни метри на два ката, во Маврово додека е градоначалник на Скопје?
Потоа како успеа да купи коли од марката ауди и да не ги пријави во имотниот лист?
Ова се прашањата кои даваат одговор на дилемата колку Петре Шилегов е чесен.
Ако навистина е чесен како што тврди, го повикуваме јавно Шилегов да каже кои се компаниите кои во овој момент му ја градат зградата во Скопје, и јавно да објави документ дека тој лично им платил?
И тоа не се,
На само два дена пред изборите Шилегов склучил договор во четири очи со 3 кафеани за услуги од над 30 илјади евра.
На Шилегов сите знаеме дека приоритет му се кафеаните, наместо Скопје. Објаснувањето на Шилегов дека тоа преставувало континуитет во неговото работење е нешто за кое што единствено не излажа. Ние се согласуваме со тоа. Шилегов од кафеана не е излезен, за тоа за жал го плаќаат граѓаните, додека градоначалник на градот Скопје е кој што назадува.
Шилегов треба да одговори на каков начин стигна со чиновничка плата до 4 стана, 2 куќи, и злато и слики вредни неколку стотици илјади евра?
Ова прашање ќе си го постават сите граѓани на 31-ви кога ќе отидат на своите гласачки места да го дадат својот глас и се разбира да го казнат Петре Шилегов.