-СДСМ се обидува да спинува вести за протестот за да го скријат сопствениот страв и паниката, затоа што во состојба на Ковид пандемија и вакцинирани само околу 3 % од населението граѓаните се подготвени да излезат самоиницијативно над 15, 000, покажува само колку народот е дојден до ѕид и нема каде да оди повеќе назад, вели Нелоски.

Тој утрово посочи дека револтот е толку голем на граѓаните од целокупната ситуација во земјата што не може повеќе да издржат да седат дома и трпат неправди.

Нелоски вели дека за разлика од пописот каде граѓаните ќе беа принудени да им отворат на попишувачите, вчера на протестот тие своеволно свесни за опасноста од Ковид пандемијата биле присутни на протестот.

-Граѓаните излегоа на протест за неправедно осудените уставобранители, но воедно ова беше крик против неправдите, неблагодарно е да зборува за попис и пандемија, а 15-тина луѓе се казнети политички на над 200 години затвор, иако и власта знае дека тие луѓе не се терористи, посочи Нелоски.

Тој дополни дека луѓето биле свесни за ризикот кои ги преземаат, но носеле маски и биле присутни на протестот по своја одлука, а алармот треба да биде вклучен во Владата чим над 15,000 граѓани излегоа во вакви услови за време на пандемија да протестираат на улиците.

-Зоран Заев што побрзо почне да си ги пакува куферите од Илинденска, толку полесно ќе заврши целава оваа ситуација за него, тоа е јасната порака од граѓаните за него, порача Нелоски.