Го имаме новиот Рашковски во Град Скопје. Секретарот на мрзливиот и арогантен Шилегов, Аврамовска – Мадиќ е новиот Драги Рашковски. Преку фирма на нејзиниот зет, испумпува преку половина милион народни пари на граѓаните од Градот Скопје, изјави Владимир Нелоски од ВМРО ДПМНЕ.
Рашковски е мало дете за Секретарот на Градот Скопје. Македонија го доби новиот Рашковски – Викторија Мадиќ Аврамовска и новиот Заев, а тоа е Петре Шилегов. Скала која во Загреб е купена за 800.000 евра плус ДДВ, кај нас ја купуваат за фрапантни 1.700.000 евра. И мало дете знае дека остатокот од парите се украдени. Нелогични се оправдувањата на Шилегов. Фатен е жив и подобро да признае, бидејќи секако ќе одговара. И кога ќе се запрашате зошто некој булевар не е направен, зошто некој проект не е завршен или пак зошто ГТЦ не е реновиран и се распаѓа, нека ви текне дека секретарот на мрзливиот Шилегов, преку својот зет, набавил противпожарна скала за која имаме сомнеж дека над половина милион евра завршиле во нивни џеб, истакна Нелоски.
Очигледно дека фирмата „Армор Плус“ ДОО Скопје, каде сопственик е зетот на секретарот на Град Скопје, била преодредена да добива државни тендери и народни пари од тендери се разбира откако СДСМ доаѓа на власт, вели Нелокси
Па така, „Армор Плус“ ДОО Скопје, не само што земала милионски тендер во Градот Скопје, туку за само 4 години од 2017-та до сега, има заработено рекордни над 4 милиони евра од добиени тендери. Град Скопје, јавните претпријатија, општините низ Македонија каде што СДСМ е на власт, државни институции, министерството за одбрана и многу други и дале бизнис на истата фирма „Армор Плус“ ДОО Скопје во вредност од над 4 милиони евра. Во прилог еве ви ја листата на тендери, кои ќе ги добиете и електронски. Ова е класичен пример, како завршуваат народните пари на конто на СДСМ и нивните функционери. Никој, ама баш никој, нема да поверува дека се е регуларно со набавките, конкретно со скалата, и никој, ама баш никој, нема да поверува дека Петре Шилегов е чист и не заслужува да понесе одговорност.