Митов кажа дека другите политички партии во парламентот не успеале во разговорите за заедничка влада.
-Ние подадовме рака, секогаш бевме конструктивни и подготвени да разговараме. Не постои начин да стапнеме во калта во ова време, кога не се почитуваат никакви правила. Недостатокот на конзистентност и непочитување на правилата на демократијата не доведоа тука, рече кандидатот за премиер на ГЕРБ.
Митов притоа нагласи дека не гледа начин како ГЕРБ да поддржи каков било состав на владата, што ќе биде предложен од овој парламент.
-Се наоѓаме во тешка ситуација, претстојат многу кризи. Оваа тешка политичка криза може да се претвори во економска, рече Митов.
Тој посочи дека земјата во моментов е управувана само од едно лице – претседателот Румен Радев.
-Тој ја практикува целата моќ во државата преку неговиот официјален кабинет. Ова води кон хаос, додаде пратеникот на ГЕРБ.
Митов рече дека актуелниот владин кабинет работи со полувистини.
-Јасно е дека кога презентирате нецелосни информации, не можете луѓето долго време да ги измамувате. На крајот, ќе стане јасно дека ништо незаконски и ништо проблематично не се случило. Тоа е прашање на политиката, ако некој друг има различен пристап и различен начин на управување, да дојде да управува, да видиме до какви резултати ќе дојде …. И за ББР и за таканаречените авансни плаќања за изградба на инфраструктура постои јасна политика и не е од времето на ГЕРБ, тоа е пракса што е од пред да се формира ГЕРБ. Тоа е многу практичен пристап за изградба на инфраструктурата. Ќе има начин да се одговори на сите овие обвинувања, излегува дека нема злосторства, прашање на пристап е. Ако разбрав правилно, овие авансни плаќања се за купување материјали за компаниите да можат да градат, рече тој.
Според Даниел Митов, нелогично е однесувањето на „Има таков народ”, кое е поддржано и од Румен Радев, а во исто време се декларира за опозиција.