И покрај огнот ситуацијата на Галичица во најголем дел е под контрола. Два фронта од македонска страна се целосно под контрола, а критично единствено останува на месноста „Страчка“.
Ситуацијата е под контрола
Со масовна мобилизација и дејствувања од копно и воздух ситуацијата остана под контрола. Ер тракторите полнат вода од Охридското езеро и ја истураат на критичните места.
120 луѓе помагаат на Галичица
Бројка од 120 луѓе помагаат за пожарите на Галичица. Од рано утрово стотици волонтери се придружија на ренџерите, пожарникарите и планинската спасителна служба. Најголем проблем се стотина детонации од гранати од Првата светска војна кои ја тресат планината.
Надлежните се на терен
Долж Преспанското езеро ситуацијата е под контрола. Источниот појас е добро осигуран. Се закануваше да изгоре куќата на Црвен крст, но за среќа сега е надвор од опасност.
Градоначалникот Кирил Пецаков информираше за ситуацијата на терен.
И претседателката Гордана Силјановска Давкова се огласи околу пожарите, а информираше дека Армијата е на терен.
Се осигурува и западниот дел, а пожарот ја намалува своја кулминација. Надлежните апелираат да не се шири паника. Од МВР најавуваат казни за сите оние кои ќе бидат фатени ако предизвикаат пожар.