Потоа, закажа повторно отворање на главната расправа за предметот на 8 јуни.
Судењето за „Тортура“ почна во март 2018 година, а веќе еднаш почна одново, во октомври 2019 година, поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште.
Мијалков досега е неправосилно осуден на 12 години затвор во „Тврдина-Таргет“ за масовното незаконско прислушување и на 8 години затвор во „Трезор“ за незаконска набавка на софтвер за следење електронски комуникации.
Во случајот „Титаник 2“ беше првостепено осуден на три години затвор, но Апелација го врати на повторно судење. Мијалков е обвинет и во случаите „Плацеви на Водно“ и „Империја“.
Мијалков е во притвор во Шутка од 25 февруари, по изрекувањето на првостепената пресуда за „Тврдина-Таргет“.