Стојна Димитровска од Кратово повторно е приведена откако, се обидела пак да наплаќа влезници на посетители на локалитетот „Камени кукли“ и им се заканувала на двајца скопјани.

На 27 октомври во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода 41-годишната Димитровска, постапувајќи по пријава од Р.П. и Ј.Б. од Скопје.

Таа, според пријавата, се обидела да им наплати билети за влез во локалитетот, а потоа им се заканувала.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Ова не е првпат Димитровска да биде приведена во врска со наплатата на влезници на „Камени кукли