Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, со остра реакција против министерот за здравство Венко Филипче.
Таа во објава на нејзиниот фејсбук профил вели дека во 30 години независна Македонија немало, ниту ќе има, толку неспособен министер за здравство кој додека луѓето бараат спас каде ќе стигнат, дури и да се вакцинираат во други држави, тој без срам се слика со една кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година.
-Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има. Умираат луѓе на секој чекор, се борат за живот, бараат спас каде ќе стигнат, одат по други држави да се вакцинираат изложувајќи се на опасност од зараза, економијата поради неговата неспособност по цела година да воспостави контрола е на раб на пропаст, а тој се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година. Уште сите амбасадори ги собрал, да се сликаат за големиов успех. Мрш, пишува Арсовска.
Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има. Умираат луѓе на секој…
Posted by Danela Arsovska on Sunday, March 28, 2021