Трагедија ја погоди американската јавност откако конзервативниот активист Чарли Кирк беше застрелан додека држеше говор пред студенти на Универзитетот Јута Вали. Неговата сопруга, Ерика, рече дека нападот бил насочен против вредностите и идеалите за кои тој се залагал цел живот.
– Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог, рече Ерика Кирк.
Таа истакна дека движењето на нејзиниот покоен сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше.
Во говор одржан во седиштето на организацијата на Кирк, Turning Point USA, Ерика Кирк им се обрати и на оние што ги нарече „злосторници“:
– Немате поим каква огнена вистина запаливте во оваа сопруга, плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ светот како боен повик. Секој треба да го знае ова: ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг беше моќна порано, немате поим, немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот токму сега, нагласи таа.
Ерика Кирк најави дека турнејата на Кирк низ американските универзитети ќе продолжи оваа есен и во наредните години, како и неговиот поткаст.
Шефот на ФБИ, Кеш Пател, потврди дека осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен.