Граѓаните во Кочани денеска на жестоки протести.  Тие го нападнаа и домот на градоначалникот во оставка, Љупчо Папазов.

Граѓаните најпрво протестираа пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани.  Потоа се упатија кон неговата куќа, изразувајќи го својот гнев поради трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

(ВИДЕО) Револтирани граѓани го демолираа вториот локал на газдата на дискотеката во која загинаа 59 млади

Напад врз домот на Папазов и демолирање на возило

На патот кон куќата на Папазов, дел од демонстрантите демолираа возило на „Карго експрес“, компанија поврзана со сопственикот на дискотеката. Кога пристигнаа пред домот на градоначалникот, насобраните лица го пробија полицискиот кордон и почнаа да ја гаѓаат куќата со јајца и камења.

Граѓаните бараат правда и одговорност

Граѓаните, меѓу кои имаше и голем број млади лица, јавно побараа правда за своите блиски кои ги загубија животите во катастрофалниот пожар. Тие инсистираат на брза и правична истрага, како и на соодветна казна за сите одговорни.

Овој протест е најновиот бран од гневот кој владее во јавноста, додека истрагата за трагедијата продолжува. Властите засега не се изјаснија за наредните чекори во врска со протестите и барањата на граѓаните.

Извор: Сител