Американскиот претседател Доналд Трамп ги поврза масовните протести и немирите во Франција со миграцијата и исламот, тврдејќи дека причините се многу подлабоки од проблемите во образовниот систем.

Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) напиша дека случувањата во земјата се последица на, како што ја нарече, „неконтролираната масовна миграција“.

„Ова што се случува во Франција не е ништо помалку од неконтролирана масовна миграција. Ова не е прашање на училиштата, ова е прашање на исламот кој сака да ја преземе некогаш големата земја“, напиша Трамп.

Ученици и студенти ширум Франција протестираат поради, како што велат, лошите услови во образованието и недостигот на професори.

Протестите и блокадите во меѓувреме прераснаа во судири со полицијата. Следуваа илјадници апсења и меѓусебни обвинувања на француските политички партии.