Регионалниот ЦУК Велес, извести дека во утринските часови патнички воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице.

Железничкиот сообраќај е во прекин, велат од Македонски железници.

На терен веднаш излегла екипа од Полицијата – СВР Велес, а потоа и Јавен обвинител, коишто вршат увид на местото на настанот.

Железничкиот собраќај е во прекин на релација Гевгелија – Скопје.