Оваа одлука следи откако финската влада ги обнови рестрикциите за влез на патници од земјите вон ЕУ и Шенген зоната, засновано на бројот на заразени од ковид-19.

Финска ги признава вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, АстраЗенека“, „Јансен“, „Синофарм“, „Ковишилд“ и „Коронавак“.

И Косово и Македонија последниве недели бележат раст на бројот позитивни со ковид-19, при што во Косово има 888, а во Македонија 792 нови болни во последниве 24 часа.

Невакцинираните патници од обете земји може да влезат во Финска само ако се враќаат во земјата, се враќаат во друга земја на ЕУ или Шенген зоната или транзитираат.

Од Скопје има директен лет за Турку во Финска со „Визер“.

Финска во последните 24 часа има 1.024 новозаразени, а со прва доза се вакцининарни 82.2 отсто додека со втора доза 48.4 отсто од населението.