Краткотрајното невреме попладнево во Скопје оштети неколку објекти. Најпогодена беше зградата на улица Женевска, Тафталиџе. Таму поради силниот ветер од невремето, откорнат е кровот од зградата и парчиња паѓаат пред влезот. Постои опасност да се повреди некој од станарите.

За штетите алармирано е во Град Скопје и општина Карпош.