Собранието утре ќе гласа за измените на Изборниот законик со кои независните кандидати ќе треба да соберат потписи од 0.95% избирачи наместо досегашниот еден отсто
Собранието за утре закажа седница, на чиј дневен ред единствена точка се измените на Изборниот законик по скратена постапка. Со нив, меѓу другото, се регулира учеството на независните кандидати на претстојните локални избори. Наместо еден отсто, со измените се предвидува – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат потписи од 0.95% избирачи од запишаните во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ).
Со измените се предвидува и кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство. Да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици, пред службените лица на ДКП. Односно конзуларните канцеларии, на образец пропишан од Државната изборна комисија.
Со предложеното законско решение, се дефинираат и интернет порталите. Согласно Законот за медиуми, а се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа. Промената што се однесува на потписи од 0.95% избирачи се однесува исклучиво на групите избирачи кои поднесуваат кандидатски листи.
Според предлагачите (група пратеници), со предложеното законско решение ќе се обезбеди јасен, транспарентен и инклузивен изборен процес. Како и надминување на воочените недоследности преку зајакнување на правната рамка.
Претходно, ДК на седница во саботата усвои заклучок со кој вон сила се става Упатството на ДИК од 2024 година. Тоа е за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко, тоа упатство се укинува. Поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик. Каде што беше предвиден број и процент на потписи за предлагање листи на група избирачи. Што сега е заменето со условот за потписи од 0.95% избирачи.