– На минатите локални избори граѓаните му дадоа целосна власт на Зоран Заев очекувајќи дека ќе имаат подобра иднина. Но не само што тоа не се случи туку тој успеа за само осум месеци по локалните избори да ја редефирнира целосната историја, идентитет, култура и традиција на македонскиот народ. Истото може да се случи и на овие избори. Ако народот го гласа Зоран Заев ќе потпише дека Македонците се бугари, а ако пак народот не го гласа ќе потпишува жалби до обвинителство и до судство затоа што ќе одговара за криминалите кои ги направи, истакна Николоски.