Николоски додаде дека прво би сакал да се промени односот, Бугарија нас не гледа како ние да сме долни ниски, а тие како да се од големото добро утро.

-Второ, користење термини од типот македонизам, тоа е плукање во лице на сите луѓе кои што се чувствуваат Македонци, како некој се чувствува е лична определба. Трето, диктат за промена на Устав без реципроцитет. Четврто диктат за промена на историја. И петто, јасно условување без никаква гаранција за начин на спроведување на работи како што нив им одговараат, никаде во изјавата на Радев нема нешто што и одговара на Македонија, заклучи Николоски.

Николоски посочи дека во условувањата на Бугарија има работи само нејзе што и одат во прлиго, на Македонија се и оди на штета. Самото седнување на маса е проблем.

-Македонското Собрание усвои Декларација која што ја споменавме, и која што е многу јасна во однос на црвените линии наши како држава. Сите разговори можат да се движат во рамки на таа Декларација, доколку се излезе надвор тоа е непочитување на волјата на македонското Собрание во кое што гласаа за таа Декларација сите клучни политички партии. И мислам дека најдобриот начин е да се спречи Заев, сега морам пак да се вратам на изборите, да биде поразен на изборите за тоа што во спротивно мислам дека е спремен да направи се, нагласи Николоски.

Николоски укажа дека преговорите со Бугарија треба да се во рамки на македонската Декларација која се донесе во Собрание.