– Ќе го прокоментирам сериозно, иако не заслужува. Мислам дека Зоран Заев во целокупната своја политичка кариера има една добра пи-ар тактика на сожалување. Тој сака да се прикажува пред луѓето како наивен, просто душен и луѓето да го жалат и да велат дека овој или е неелоквентен, глупав и ништо не разбира, па тресе глупости или така е од едно семејство кое што се потресува, мајка му плаче како што вели тој, децата му се депримирани, сопругата му е вознемирена итн. Тоа е една добро смислена тактика, а ако веќе анализираме човечки карактери, обично човечките карактери се обратни од тоа какви што сакате вие да ги претставите, односно кога некој човек зборува за себе, а не зборуваат другите така, во суштина е обратно. Така што, претставувајќи се Зоран Заев како наивен, угнетен и понижен човек, во суштина излегува неговата злоба и тоа што ме праша мене веројатно се однесува на него за тоа кој е злобен човек. На крајот на краиштата гласачите не одлучуваат за нас во однос на тоа кој е добар, а кој е злобен, за тоа кој има проекти и може да ги реализира, а кој е неработник и не може да ги реализира, кој е корумпиран, а кој е чесен. Тоа е тоа врз што носат одлука гласачите, одговори Николоски.