-Во однос на општините многу значајно е да се види тактиката условно кажано на другата страна. Тактиката на другата страна е само уништување. Затоа што не помагаат на општините од причина што градоначалниците во најголем дел не се од СДСМ, не соработуваат со градоначалниците, а на крај проблемите се на сите граѓани. Дури и во такви услови градоначалниците успеваат да сработат, на пример вчера градоначалникот на Кисела Вода, промовираше проекти колку што неговиот претходник за четири години не промовирал. А, во исто време два видни градоначалници на СДСМ Костадинов во Струмица и исто така другиот Костадинов во Валандово кој што е и потпретседател на СДСМ јас не можам да се сетам на еден проект кој што го промовирале или кој што го направиле,истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека најбитно е да се седне со власта бидејќи доаѓаат тепки денови мора да се најде начин за да се излезе од политичката и економската криза.
-Самиот премиер Ковачевски вели дека следува најлошата зима која што Македонија ја видела и истиот тој не прави ништо за да таа лоша зима да е помалку лоша. А, истиот тој не убедуваше пред три недели дека се е перфектно“, потсети Николоски.
Николоски посочи дека оваа Влада има спорен легитимитет. Потребни се предвремени избори час поскоро.