Ќе ја реконструираме и ќе ја вратиме во функција централната Пошта во Скопје како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот
Денеска остварив работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, нашиша министерот за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи по средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир.
На средбата покрај информациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија. Се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење, напиша Николски на социјалните мрежи.
На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за култура за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконструкција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција, напиша Николоски.