-Македонија е во класичен мат позиција од први август 2017-та година кога Заев и Бојко Борисов го потпишаа договорот за добрососедство со Бугарија. Прво договорот го потпишаа луѓе кои што поим немаат од историја. Се уште луѓето не знаат зашто го потпишаа договорот на први август. Тие мислеа дека го потпишале договорот на први август, во очи на втори август на Илинден. А, причината зошто го потпишаа договорот на први август за Бугарија е многу симболично, затоа што со тој договор се поништува Бледскиот договор потпишан 1947 година, на Блед, и исто така на први август. На Бугарите им беше многу симболично и многу битно да потпишат договор со кој што се поништува Бледскиот договор на истиот датум на кој што е потпишан, на први август, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“.
Николоски додаде дека Бледскиот договор е потпишан помеѓу поранешна СФРЈ во која што Македонија беше конститутивен дел, и тогашна Народна Република Бугарија, од страна на двајцата лидери Јосип Броз Тито и Ѓорѓи Димитров. И точно на 70 години од потпишувањето на Бледскиот договор, на истиот датум најдоа зелен и корумпиран политичар како Зоран Заев кој што со потпис се согласи да ги поништи придобивките кои што Македонија и македонскиот народ ги добија во Бугарија.
-Со тој договор, затоа што Југославија се откажува од тогашна репарација, се дозволува на Македонците од Пиринска Македонија да се изјаснуваат како Македонци, да говорат на македонски јазик, да имаат настава на македонски јазик во основно и во средно училиште, да имаат библиотеки и театри. Со тој договор се потврдува она што е претходно направено како чин, а тоа е враќање на коските на Гоце Делчев од црквата „Св. Недела“ во Софија во црквата „Св. Спас“ во Скопје. И со тој договор практично Пиринска Македонија добива автономија, појасни Николоски.
Николоски посочи дека Заев откако го потпиша договорот за добрососедство со Бугарија го означи почетокот на негирање на Македонија и Македонците од страна на Бугарија.