Денеска започнуваме проект преку кој ја реализираме јасната визија на Владата, Македонија да ја направиме раскрсница на Балканот и своевидно „срце на Балканот“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на почетокот на изградба на автопатот Скопје – Блаце.

„Кога оваа Влада беше формирана во 2024-та година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10, кажа Николоски.

Денеска почнуваме таков проект којшто оди во таа насока и само со една таква јасна политика и јасна визија ова може да се случи. Затоа што секоја Влада има различни приоритети, приоритетот на оваа Влада е напредок, соработка, економски развој и на тој начин развој на државата и на целиот регион”, потенцираше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.







