-Една од основните точки за кои што се разговара денес е спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Една од државите која што најмалку ги спроведува овие одлуки е нашиот сосед Бугарија, која што не сака да ги спроведе одлуките поврзани пред се со регистрирањето на организацијата ОМО Илинден Пирин. Јасно посочив дека Бугарија мора да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права како и одлуките на парламентарното Собрание на Советот на Европа и на Комитетот на министри на Советот на Европа со цел човековите права да бидат соодветно испочитувани, додаде тој.

Николоски додаде дека во рамки на посетата на Париз денеска ќе оствари средби и во Сенатот, и во Парламентот каде што ќе се сретне со сенатори и со пратеници. При средбите ќе побара Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија.

-Граѓаните на Македонија не смеат да бидат заложници на корупцијата и на неуспехот на Зоран Заев. Тоа треба да го решат надлежните институции, но Македонија мора да почне преговори затоа што Македонија го заслужува тоа, а пред се граѓаните на Македонија. Корупцијата и економските неуспеси ќе бидат решавани од следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а европската перспектива ќе биде отворена за граѓаните на Македонија, нагласи Николоски.