Министерот Николоски со ЕБОР за унапредување на инфраструктурата
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со висока делегација од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од регионалниот директор за Западен Балкан, Матео Колањели.
На средбата беше истакната решителноста на Владата за завршување на проектите во патната и железничката инфраструктура. ЕБОР ја изрази својата силна поддршка за капитални проекти и унапредување на инфраструктурната мрежа во земјата.