Тоа е така, додава Николоски, заради политиките кои ги води оваа Влада и според него Заев, Димитров и Османи треба да си поднесат одговорност затоа што излажаа за датумот за преговори на изборите минатата година.

-Едно е дали сакам, друго е дали очекувам, секако дека сакам и посакувам да Македонија конечно почне со преговорите за членство во ЕУ, тоа го заслужуваат пред се македонските граѓани, но мислам дека шансите се мали да не речам никакви, сведени само на теорија, не сум оптимист дека Македонија ќе почне за скоро преговори пред се заради политиката којашто ја води оваа Влада, не сум голем оптимист дека ќе ги започнеме преговорите, истакна Николоски.

Николоски порача дека заради тоа Заев, Димитров и Османи треба да поднесат одговорност, затоа што на изборите лани најавиле дека ќе се почнат преговорите со ЕУ, но тоа не се случува.

Во однос на предлогот кој власта го прифатила во преговорите со соседна Бугарија, Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не добила никаков предлог, ниту пак знае за што Заев разговарал и прифатил.

-Македонија треба да почне преговори за членство, но надворешната политика доживува целосно фијаско, всушност и самото тоа што имаше предлог покажува дека Зоран Заев лажеше, кој прво вети, па потоа рече дека исполнил решавање на сите проблеми со соседите, па кога го потпиша оној штетен договор со Бугарија во 2017 година рече дека сите проблеми со соседите се решени, за да денеска видиме дека воопшто не се решени, туку резултираа со вето од Бугарија за почеток на преговорите за членство и сега гледаме дека тој Договор со Бугарија не бил доволен, па се даваат нови предлози коишто претпоставувам дека се надвор од Договорот, вели Николоски.

Тој потенцира дека политиката на Заев за распродажба на македонските национални интереси во замена за одбрана на криминал и корупција ја донесе Македонија да биде црна дупка и последна држава во регионот, па затоа треба да има промена на власта и мудра надворешна политика која ќе даде резултати, но и сериозно решавање на криминалот, корупцијата и реформа на јавната администрација.