Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашната прес-конференција објави нов корупциски скандал за ЕСМ и многу нелогичности и пропусти при изведувањето на тендерот.
Николоски ги соопшти деталите за овој случај, а пред сѐ рече дека по доаѓањето на неговата партија на власт сите овие лица ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Станува збор за злоупотреба на службената должност. Беше направено најголемата јавна набавка за ископ на јеловина и јаглен во РЕК Битола. Таа термоелектрана за да произведува електрична енергија користи јаглен како гориво. Јагленот се копа од рудници во близина на Битола и истиот потоа се согорува, започнува Николоски со објаснување.
Фирмата Марковски компани во континуитет земала тендери од ЕСМ
Тој вели дека најголем проблем е висината на тендерот, но и дека оваа компании во континуитет земала други тендери.
ЕСМ секоја година ангажираат компании кои треба да помогнат за поуспешно да се заврши. Проблемот овде е дека сумата и вистината на тендерите, значи не е само овој, но овој е најголем. Сумата е толку висока што или ЕЛЕМ ништо не работи и работат само овие приватни компании, или втората варијанта е дека не се работи домаќински односно се краде. Во двете варијанти сметките (на слушателите) се многу повисоки, вели Николоски.
Николоски ваквиот епилог го гледа како резултат на епско крадење. Тој ги соопшти деталите.
Имено, овој тендер кој го презентирав вчера повторно оди на истата компанија „Марковски компани“, омилената компанија на власта за крадење. Самото име говори за профилот за компанијата. Тоа е човек-фирма која низ лавиринтите на македонската транизиција се издигна последниот период. Тендерот е фантастично 46 милиони евра, само од овој тендер кој е од важност во 18 месеци, вели тој.
Ако едно средно училиште чини еден милион до милион и пол ова чини 46 милиони евра
Она што е исто така спорно е како само оваа компанија добива. Инаку нејзиниот сопственик Борче Марковски е почесен конзул на Белорусија.
Понудата која е прифатена е за 30 отсто од следната понуда. Значи не за 3, туку за 30 проценти. Ако одземете од 46 милиони 30 проценти тоа се некаде околу 14 милиони. Само со поскапата понуда да се изградат 12 до 14 средни училишта, додава Николоски.
Оваа понуда што е прифатена е 130 денари, а следната најниска е 100 денари
Се пријавиле три компании на овој тендер. Двете други се елеминирани со технички забелешки. Овој тендер е донесен на три дена пред нова година.
На крајот тој вели дека ова е една од неговите прес-конференции по која немало ниту демант од владата, ниту од РЕК-Битола, ниту од СДСМ. Николоски вели дека по вчерашната прес-конференција има „громогласна тишина“.