Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е во работна посета на Брисел утрово објави фотографии од Брисел каде напиша за средбите кои ги остварил, а и додаде дека во Македонија има потенцијал за повеќе по промената на власта.

Николоски е дел од изборот на 40 највлијателни личности во Европа под 40 години на која се присутни бројни претприемачи, општествени активисти, новинари и голем број други влијателни граѓански активисти од Европа. Неговата објава ја пренесуваме во продолжение.

Во Брисел на конференцијата во организација на Friends of Europe како дел од највлијателните 40 под 40 години, имав можност да разговарам со политичари од цела Европа, бројни претприемачи, општествени активисти, новинари и голем број други влијателни граѓански активисти од Европа. Имавме можност да размениме погледи за политичката ситуација и правецот во кој се движи Европа и бројните предизвици со кои се соочува регионот.

Зборував за потенцијалот на Македонија, можните инвестиции и насоката во која ќе се движи Македонија после промената на власта. Во Македонија може да се подобри животот и промените ќе ги донесеме заедно. #EYL40Brussels, напиша Николоски.