Новиот министер за транспорт и врски којшто ја извршува и функцијата заменик претседател на владата, Александар Николоски ги презентираше приоритетите. Тој категорично го отвори прашањето за најважниот проект кој е суштински за Македонија – трета фаза од железничкиот коридор 8.
Одржувајќи презентација на тема: Ревизорски извештај за реализација на капитални инвестиции, Николоски не ги штедеше критиките за досегашното владеење. Тој ги разобличи детслите кои биле во досегашниот договор меѓу ЕУ и Република Македонија. Според ваквиот билатерален договор проценетата вредност е 340 милиони евра, а самиот државен ревизор утврдува дека до денот на ревизијата вредноста е зголемена и проценета на 560 милиони евра. Николоски укажува за разлика од неверојатни 220 милиони евра.
Николоски укажува дека пругата кон Бугарија завршува во тунел кој нема крај. Тој потсети дека според планот пругата треба преку Крива Паланка да оди кон Бугарија. Вели дека ќе стави крај на неодговорното работење кое се карактеризира со недомаќинско трошење.
Александар Николоски ја има можеби најважната улога во оваа Влада, а негова цел е да ја подобри македонската инфраструктура и да ја врати довербата на македонските граѓани кон Министерството за транспорт и врски.