„Мислам дека периодот на убедување заврши, ние имавме месеци во кои што се обидувавме низ политички дијалог да ја убедиме власта да одиме на предвремени парламентарни избори, а сега сме доведени во ситуација да мора да ја притиснеме власта на СДСМ и ДУИ да одиме на предвремени парламентарни избори. И затоа ја правиме активната блокада во Собранието, а исто така и затоа најавивме голем сенароден протестен собир на сите граѓани кои што сакаат да ни се приклучат на 18-ти јуни во Скопје“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио Слободна Европа.
Николоски додаде дека очекува голем број на граѓани да се приклучат на протестниот собир кој што ќе се одржи на 18-ти јуни пред Влада.
„Јас очекувам десетици можеби и стотици илјади граѓани да го посетат тој сенароден протест, на кој што јасно ќе се испрати порака до власта дека мора да се случат промени на Македонија“, потенцира Николоски.