Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку Фејсбук објава информираше дека пристигнал во Стразбург каде ќе присуствува на итната сесија на Совет на Европа на тема војната во Украина.

– Советот на Европа мора брзо да направи се што е можно за да се стави крај на војната, страдањата и загубените животи. Мир НЕ војна, пишува Николоски.