Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден министер за транспорт и врски, Александар Николоски во владата која треба да се гласа овој викенд вечерва гостуваше на ТВ Телма.

Во однос на дивоградбите Александар Николоски вели дека системот има проблем. Тој најави промена на процесот на рушење дивоградби, а рече дека државата ќе помага на општините

Системот има фалинка, не е само Охрид. Општините треба да ги рушат дивоградбите, а тие немаат ресурси за тоа. Затоа дивоградбите живеат. Планираме тоа да се централизира преку државниот инспекторат и тоа да е една координирана државна акција каде државата ќе помогне на општините да се срушат дивоградбите. Треба државата да помогне во рушење на дивоградбите. Сите кои имале дивоградби во минатото можеа да си ја легализираат, нови дивоградби нема да се толерираат.

Тој зборуваше и за останатите клучни прашања кои како предизвик ги има новата влада, а токму тој ќе ги извршува едни од најважните две функции: Министер за транспорт и врски и заменик претседател на влада.