Според податоците со кои располага ВМРО – ДПМНЕ Николоски рече дека на скоро 20.000 граѓани им е злоупотребен идентитетот.
– Во однос на таканаречената „Мафија 2“ е продложение на аферата „Мафија 1“ односно видовме дека 214 белосветски криминалци нарко босови, атентатори, убици добиле македонски пасош и на тој начин можат да патуваат слободно низ светот и да ги вршат криминалните дела. За тоа да се случи секако се потребни дупли матични броеви со цел да се украде идентитетот на било кој граѓанин. Нашите податоци доставени до ВМРО -ДПМНЕ преку свиркачи е дека има 20.000 дупли матични броеви што говори дека на 20.000 луѓе потенцијално им е злоупотребен идентитетот, појасни Николоски.
Дополнително, тој истакна дека аферата со двојните матични броеви отвора и друга димензија а тоа е регуларноста на последните парламентарни избори. Николоски објасни дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ е само 12.000 гласа предност за СДСМ со што ако се земе фактот дека ако луѓето со дупли матични броеви гласале два пати тоа значи дека околу 40.000 гласа се исфалсификувани. Николоски појасна дека доколку се одземат тие 40.000 гласа разликата од 12.000 со кои ВМРО – ДПМНЕ изгуби на изборите се дообива некаде бројка околу 30.000 гласа колку што предвидувале сите анкети за победа на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски рече дека доколку сега не се испита регуларноста на изборите тоа ќе го направи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.
– Но ова отвора уште една димензија која што би сакал еве премиерно тука од Прилеп да ја отворам, а тоа е регуларноста на резултатот на последните парламентарни избори. Разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ беше само 12.000 гласа, да ја потсетам целокупната македонска јавност дека сите анкети пред изборите предвидуваа победа на ВМРО–ДПМНЕ, на крај завршивме до тесна разлика од само 12.000 гласа на ниво на држава предност за СДСМ. Логичното прашање кое што се поставува е дали овие 20.000 луѓе гласале 2 пати затоа што имаат дупли матични броеви и на тој начин се исфалсификувани околу 40.000 гласа и кога ќе одземете од тие 40.000 12.000 разлика доаѓате до бројката од некаде 30 тина илјади гласови колку што предвидуваа сите анкети дека ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на изборите. Ги повикувам надлежните институции да го испитаат ова и да ја испитаат регуларноста на изборите а доколку тоа не го направат после предвремените парламентарни избори кои што се надевам дека ќе се случат заедно со локалните избори ќе го испита новата влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, кажа Николоски.
На крај тој потенцираше дека ВМРО–ДПМНЕ почнува со процес на селекција на кандидати за градоначалници низ цела држава и дека ВМРО–ДПМНЕ ќе има поширок пристап за избор на кандидати за градоначалници и за советници каде нема да се бираат само партиски лица и е сигурен дека јавноста ќе биде позитивно изненадена.
– Во однос на кандидатите за градоначалици ние почнуваме еден процес на селекција не само за Прилеп за целата држава, Прилеп ни е во приоритетите затоа што се работи за еден од најголемите градови во Македонија и град во кој што очекуваме сигурно убедлива победа. Можам да најавам дека во текот на летото ќе ги соопштиме и кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници имаме еден поширок пристап нема да се ограничиме само на партиски луѓе и на кандидати за градоначалници и за кандидати за советници и сум убеден дека јавноста позитивно ќе биде изненадена, заврши Николоски.