На завршниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Битола, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски зборуваше за зацртаните цели доколку на изборите победи кандидатот Тони Коњановски.
Знаете дека РЕК работи на раб и едвај произведува струја. Македонија може да потоне во темница и ако некој можеше да го замисли за лош хорор филм, замислете во 21 век размислуваме дали ќе има или ќе нема струја, дали ќе има или нема греење , а Зоран Заев и Владата на тоа ја донесоа државата
Имаме неколку зацртани цели за Битола, прва е отварање на нови работни места , ветуваме отварање на две големи странски компании и 7 до 10 илјади нови работни места, понатака силни инвестиции во инфраструктуратаа, кај се застанати во 2017 таму се денес застанати и затоа ќе правиме големи убави работи, следно гасификација на Битола , следно топлификација во Битола, парно во секој дом, реални инвестиции во спортот и за мене најбитно , одноворност за криминалцците, има сите да одговараат од прв до последен и тие што ќе прават потпуп сите ве знаеме , ќе одговарате од понеделник, изјави Николоски
Решението за рушење на оваа Влада е излезноста, да го вратиме националното достоинство , да не се поигрува никој ,излезете и гласајте за бројот 7, да живее Битола, да живее ВМРО ДПМНЕ, изјави Николоски од Битола.