Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изминативе три дена ги помина во Брисел учествувајќи на серија настани посветени на состојбата во Европа во организација на тинк тенк организацијата Friends of Europe, каде имаше можност да ги извести соговорниците за состојбата во која се наоѓа нашата земја.
-Изминативе 3 дена во Брисел учествував на серија настани посветени на состојбата во Европа во организација на тинк тенк организацијата Friends of Europe.
Остварив средби и контакти со политичари, премиери, комесари од ЕУ, европратеници и пратеници во националните парламенти, професори од светски познати универзитети, бројни новинари со кои разменивме мислења за актуелни теми.
Ја искористив можноста да ги запознаам соговорниците со состојбата во Македонија и за политиките и проектите кои треба да се направат за да се подобри животот на сите граѓани во Македонија, за битката за националните интереси и сите проблеми со кои се соочува Македонија пишува Николоски на својот фејсбук профил.