-Пред завршувањето на првиот круг бев во Битола, вашите колеги ме прашаа зошто толку го напаѓам кандидатот на СДСМ таму, мојот одговор беше јасен, јас не го напаѓам , туку граѓаните заслужуваат да знаат кој е тој и кое име ќе го заокружат, многу е едноставно Тони Коњановски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е доктор, а Христо Кондовски од СДСМ е бандит, не може поинаку да се каже, вели Николоски.

Николоски посочи дека ако сака СДСМ да води црна кампања дека Коњановски е бандит тоа нема да им запали кај народот.

Николоски истакна дека од 60 кандидати, само тројца биле градоначалници, останатиот дел немале никогаш извршна функција, од нив очекуваат најмалку 44 да освојат мандати како градоначалници.