Тој потсетува дека транспортните работници уште пред повеќе од 1 година протестираа поради тогашното зголемување на цената на горивата.
– Поради овие НЕРАЦИОНАЛНИ политики на ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ, акцизите и директен удар на џебот на граѓаните Македонија е пред ИНФЛАЦИЈА. Зголемувањето на цената на горивата значи ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ на сите продукти кои граѓаните ги купуваат. Покрај директниот удар на џебот на граѓаните преку таканаречената еколошка такса, граѓаните многу брзо ќе се соочат и со зголемувања на цените на сите продукти. Оваа такса е директен удар и на ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ кои и без ова се соочуваат со катастрофален откуп и нивната мака не се вреднува. Катастрофални економски политики… Во услови на економска криза, зголемена невработеност, огромни трошоци за живот, владата одлучува да зголемува цена на горивата, а во најава е и зголемување на цената на струјата. Уште данок на воздух да воведат… Овие катастрофални економски политики се уште еден доказ дека СДСМ не знаат како да ја менаџираат државта, дека не знаат како да донесат квалитетни економски мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните, пососчува Николоски.