Треба да сте аматер да потпишете договор за промена на име и да нема никакви клаузули и да не пишува ако едната страна не го почитува договорот, изјави Александар Николоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5,
Постои позната снимка евро за вицето, евро за црквата. Зоран Заев беше ослободен со прекфалификација на делото, тоа се случува во првата половина на мај, на 19 мај Заев вели ќе се промени името Илинденска Македонија, на 21 мај добива ослободителна пресуда , за веќе на 25, 26 да се каже дека новото име е Северна Македонија.
Го истргува името за сопствената слобода. На едно одење во Брисел, соседите носат 650 милиони евра гранд, а Зоран Заев прави национални концесии, за непречено да може да краде, изјави Николоски.
2017 година Заев формира Влада, во јуни му велат рано е , па создаваат план 3 6 9. Тој план според нив го реализираат 52% Пролетна излегува нонпејпер , Македонија ако до јуни не испорача реформи, нема да има датум . Го промени Заев името и после му рекоа дека нема датум за преговори и му рекоа за една година тие три работи ако не се реализираат нема преговори. Па после му рекоа ајде октомври , меѓувреме се случи Рекет и му рекоа нема датум за преговори . Заев имаше 4 прилики на почне преговори и не го направи тоа заради корупцијата и криминалот, сега толку се неспособни што молат да останат во група со Албанија. Македонија ќе стане црна дупка на Балканот , изјави Николоски.