Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Владата започнува со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем.

-Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока. Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија. Продолжуваме да ги модернизираме и унапредуваме сите процеси во Македонија!, објави Николоски.