– Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, имаше само еден кандидат. И доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка во која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Јас не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите, истакна Николовски во одговор на прашањето дали се гледа како наследник на Зоран Заев на премиерската функција.
Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев во петокот најави дека ќе побара од органите на партијата утре да биде биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер. Идниот лидер, според Заев, би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата влада.