Николовски од Виница: СДСМ ги реализира приоритетите на граѓаните, инвестираме во инфраструктурата во секоја општина подеднакво, затоа што тоа е моторот за економскиот развој
Тој нагласи дека СДСМ инвестира во инфраструктурата во секоја општина подеднакво, затоа што тоа е моторот за економскиот развој.
– Ги скениравме сите програми на нашите градоначалници, сите нивни проекти, се со цел да бидеме притисок и да бараме од градоначалниците и советниците да бидат одговорни и чесни, псветено да работат, да си држат до зборот, а ние да помогаме и да наоаѓаме решенија за секој проблем. Ние ги релизираме приоритетите на граѓаните, направивме околу 1.500 средби со граѓаните се со цел да ги тестираме нашите градоначалници и нашите политики, и да ги слушнеме граѓаните дали се задоволни, што се нивните потреби и проблеми“, рече Николовски.
Кандидатот за градоначалник Димитров ги презентираше идните проекти за развој на Виница,меѓу кои се дислокација на депонијата кај село Лески, изградба на кружен тек во Виница на почетокот на улицата „Маршал Тито“, за олеснување на пристапот до до споредните улици и на самиот булевар, изградба на локален пат село Трсино-Голак и други.
Николовски посочи дека граѓаните со СДСМ се на чисто и знаат што треба да очекуваат.
– СДСМ ја предводи најголемата, најбројната и најразноликата, европска политичка структура, којашто има најголем коалициски потенцијал, којашто ги обедеинува сите граѓаните, и имаат една иста визија – да го дадат најдоброто за секоја општина. Граѓаните со нас се на чисто и јасно, знаат што треба да очекуваат. Над 2.000 проекти се реализирани во третата изборна единица, во истокот, околу 1.040 километри локални патишта низ целата држава се обновени.Тоа не е доволно и треба да продолжиме напред, затоа ја бараме вашата поддршка за Најдоброто за Виница, на 17-ти октомври заокружете го бројот 12, за Ивица Димитров, порача генералниот секретар Николовски.