Еден од нив немал ниту сертификат за професионална компетентност, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Едниот од возачите не е вработен во компанијата, имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година. Другиот возач не бил пријавен дека работи во ниту една фирма за да ја врши таа дејност. На вториот возач му бил истечен сертификатот 9 месец 2020 година, кажа Бочварски.

Според она што е објавено во медиумите, еден од возачите е Кадрим Мемеди, имал 54 години и над 20 години искуство, а другиот возач е Љупчо Зафиров. И двајцата загинаа во тешката сообраќајка.

Во овие неколку месеци има околу 1.500 возачи на кои што им истекол сертификатот и треба повторно да полагаат за да го продолжат, а ова доаѓа откако се отвори истрага за софтверот за издавање на дел од лиценците и сертификатите, во којашто е осомничен поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.