Иако состојбата е далеку од нормалата, односно водата е 12 сантиметри под просечното ниво за овој месец, сепак тоа е значајно подобрување со оглед на тоа што пред една седмица езерото беше спуштено на дозволениот минимум, односно на котата 693,10 метри надморска височина.
Темепратурата на водата, според денешните мерења, изнесува десет степени Целзиусови односно 0,8 степени над месечниот просек.
Подобрувањето на хидролошката состојба е резултат на врнежите од дожд што го зафатија регионот изминатите неколку дена. Прогнозите укажуваат дека врнежи ќе има и наредниот период така што се очекува стабилизирање на изразено неповолната хидролошка состојба после повеќемесечниот сушен период.